HomeСветАко има мировен договор 10 ЕВРОПСКИ ДРЖАВИ СЕ СПРЕМНИ ДА ПРАТАТ ВОЈНИЦИ...

Ако има мировен договор 10 ЕВРОПСКИ ДРЖАВИ СЕ СПРЕМНИ ДА ПРАТАТ ВОЈНИЦИ ВО УКАРИНА. Ако има договор…?!

- Advertisement -spot_img

Американските и европските воени претставници почнаа да планираат безбедносни гаранции за Украина, изјавија американски извори за Ројтерс во вторник, откако претседателот Доналд Трамп вети дека ќе ја заштити земјата како дел од мировниот договор.

Украина и нејзините европски сојузници го поздравија ветувањето на Трамп за безбедносни гаранции, дадено на состанокот на лидерите во понеделник, но многу прашања остануваат отворени.

Официјалните лица изјавија за Ројтерс дека Пентагон работи на планирање на каква поддршка Вашингтон би можел да обезбеди надвор од оружјето, вклучително и потенцијална воздушна поддршка. Сепак, тие предупредија дека ќе биде потребно време американската и европската страна да се согласат за нешто што би било воено остварливо и политички прифатливо – и за Киев и за Кремљ.

Една од опциите што се дискутира вклучува испраќање европски сили во Украина, но под американска команда, открија два извори. Тие додадоа дека овие сили нема да дејствуваат под знамето на НАТО, туку во име на нивните национални влади.

Според информациите од Блумберг, околу десет европски земји би биле подготвени да испратат војници во Украина по завршувањето на руската инвазија. Европските претставници во вторник разговараа за план за тоа како британските и француските сили би биле распоредени како дел од идниот мировен договор, вклучувајќи го и бројот на војници и нивната географска локација, според извештајот.

Британската влада објави дека европските воени претставници ќе одржат состаноци со американски претставници во наредните денови со цел да развијат „цврсти безбедносни гаранции“ и да подготват терен за евентуално распоредување на таканаречените безбедносни сили доколку престанат непријателствата.

Извори на Блумберг наведуваат дека првата фаза од предложениот пакет помош би била насочена кон зајакнување на украинската војска преку обука и засилување на персоналот. Таа задача би ја управувала мултинационална група составена претежно од европски војници, при што Обединетото Кралство и Франција ќе испратат стотици војници во Украина – далеку од фронтовските линии.

Белата куќа претходно објави дека САД ќе учествуваат во координацијата на безбедносните гаранции за Украина, но руското Министерство за надворешни работи остро го отфрла испраќањето на какви било сили од земјите на НАТО за спроведување на мировниот договор.

Претседателот Трамп јавно ја отфрли можноста за испраќање американски војници во Украина, но во вторник, како гостин на Фокс њуз, остави отворени други форми на американско вклучување. Тој посочи дека Вашингтон би можел да обезбеди воздушна поддршка на европските сили.

Во однос на безбедноста, Европејците се подготвени да испратат копнени сили, а ние сме подготвени да им помогнеме со работи – особено веројатно од воздух, бидејќи никој го нема она што го имаме ние. Тие навистина го немаат“, рече американскиот претседател.

Американската воздушна поддршка може да се постигне на неколку начини – од распоредување на противвоздушни системи до поддршка на борбени авиони и потенцијално воспоставување зона на забранети летови.

Воените лидери на НАТО деновиве ќе одржат виртуелен на кој ќе учествуваат и американски воени претставници.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img