По истекот на рокот за плаќање на јулските аконтации за данок на добивка и исплата на плати со придонеси, Управата за јавни приходи утврди дека 2.129 даночни обврзници не ги платиле аконтациите, а 11.555 не ја пријавиле и исплатиле бруто платата и придонесите за јули.
УЈП испрати персонализирани известувања и апелира обврзниците веднаш да ги подмирaт долговите. Дел од неплатените обврски може да се покријат со пребивање, но тоа не ги ослободува од законската одговорност.
Средствата се клучни за финансирање на јавните услуги, здравството, образованието и социјалната сигурност. УЈП предупредува дека наскоро ќе се преземат законски мерки за присилна наплата.









