Царинските службеници на граничниот премин Богородица спречија обид за криумчарење на 4.577 парчиња небезбедни лекови, пронајдени во багажниот простор на изнајмено возило управувано од државјанин на Косово.
Лековите – аналгетици, анестетици и антиалергиски раствори во стаклени вијали – биле во рефузна состојба, без оригинално пакување, дозволи и сертификати. За да ја избегне контролата, осомничениот ги сокрил во картонски кутии меѓу патнички перничиња за врат.
Одделението за истраги поднесе кривична пријава за криумчарење до ОЈО Гевгелија, кое изрече мерка за одземање на лековите. Царинската управа најави засилени контроли на границите за заштита на јавното здравје.









