0.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаВЛЕН: Европскиот фронт на ДУИ се распаѓа – ДПТ и ДПА заминуваат

ВЛЕН: Европскиот фронт на ДУИ се распаѓа – ДПТ и ДПА заминуваат

- Advertisement -spot_img

ДУИ го доживува најголемиот политички удар од формирањето на таканаречениот „Европски фронт“. Две од најзначајните партии кои на парламентарните избори беа дел од овој коалициски сојуз – Демократската партија на Турците (ДПТ) и Демократската партија на Албанците (ДПА) – веќе не се со ДУИ.

На 14 август 2025 година, ДПТ официјално соопшти дека излегува од „Европскиот фронт“ и дека на локалните избори на 19 октомври нема да настапи заедно со ДУИ. Со оваа одлука, турската заедница, која во март 2024 беше дел од фронтот на Али Ахмети, сега избира независен политички пат.

Само еден ден подоцна, на 15 август 2025, ДПА објави дека преговорите со Али Ахмети пропаднале и дека нема да настапи во заедничка коалиција со ДУИ, ниту пак ќе биде дел од некаква договорена соработка. Со тоа, една од најстарите албански партии се дистанцира од политичката сцена на ДУИ.

Според ВЛЕН, овие настани јасно покажуваат дека ДУИ ја губи поддршката и кај партиите што ѝ овозможија настап на парламентарните избори. „Европскиот фронт“, кој се претставуваше како сила за обединување, денес е симбол на распаѓање, недоверба и политичка слабост.

„Од ДУИ си заминуваат сите кои не се уценети од Али Ахмети, сите кои не сакаат да бидат дел од корумпирана политика и од погрешни одлуки. ДУИ одамна ја изгуби довербата кај граѓаните, а сега ја губи и кај своите партнери,“ стои во соопштението на ВЛЕН.

Од оваа партија нагласуваат дека иднината е во чесна политика, отвореност и работа за граѓаните, а не во уцени, корупција и лични интереси.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img