Фестивалот “Охридско лето” влегува во својата финална фаза, а досега пред љубителите на умтеноста беа прикажани бројни врвни уметнички содржини од областа на музиката, театарот, балетот и визуелни уметнички доживувања преку настапите на стотици уметници од целиот свет.
За настаните се бара карта повеќе, а гледалиштата низ Охрид се исполнети до последно место.За атмосферата импресиите и програмата на фестивалот дознаваме од разговорот во продолжение со директорот на “Охридско лето” – Ѓорѓи Цуцковски.








