Кривично ќе се гони 73-годишник од Битола кој со остар предмет нападнал лице на автобуска станица во Прилеп.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против З.П.(73) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
– На 01.08.2025 на автобуска станица во Прилеп, пријавениот физички нападнал едно лице, при што употребил остар предмет, информираа од полицијата.








