Нов случај на напад со остар предмет во Психијатриската болница во Бардовци, откако пред некое време се имаше случај на убиство кое беше направено по напад со остар предмет (стаклено шише).
На 14.08.2025 околу 09:00 часот во СВР Скопје од ЈЗУ „Психијатриска болница Скопје“ е пријавено дека на 13.08.2025 околу 23:50 часот во болницата М.С.(49) од Скопје со остар предмет го нападнал А.С.(39) од с.Горно Коњари, скопско. И М.С. и А.С. биле на лекување во болницата, се наведува во полицискиот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.









