Ивона Јо го претстави својот најличен и најмоќен проект досега „Молитва“, песна создадена во еден здив под раководство на Темелко Андреев, кој авторски стои зад текстот, музиката, аранжманот, како и режијата на видеото.
Ова не е само музичко издание, туку искрена духовна и емотивна катарза, огледало на внатрешната борба, болка и победа над најтешкиот противник: самите себе.
„Молитва“ е автобиографска исповед, но и универзална приказна за сите кои некогаш биле заробени во мрежата на негативните коментари, осуди и сомнежи, оние невидливи, но тешки товари што се таложат со години и ја извитоперуваат сликата за сопствената вредност.
Тоа е крик за помош, но и крик на храброст, болка што прераснува во триумф, молитва што ги прочистува мислите и ја враќа вербата во себе.
Во основата на песната пулсира моќна Христова порака, повик за простување, не само кон другите, туку и кон себеси. Преку текстот, Ивона ја отвора вратата кон ослободување од „старите верзии“ на нас самите, слабите, повредените и несигурните, кои љубоморно се обидуваат да нè задржат во минатото.
Уживајте во “Молитва”:








