Активистите од СОС Охрид реагира дека фамозната дивоградба во заштитеното градско јадро во Старата охридска чаршија во изминатиот период доби фасада и покрај тоа што Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам преку вонредна контрола утврди дека објектoт е илегално изграден во заштитената зона.
При увидот, инспекторите констатирале прекршување на одредбите од Законот за градење, односно инвеститорот вршел градежни активности без Одобрение за градење и против него било најавено дека же се поднесат соодветни пријави согласно законските прописи, според она што информираше Министерството за транспорт.
Оттаму посочија дека заштитата на Старото градско јадро на Охрид е со цел да се спречат дејства, појави и влијанија со коишто може да настане оштетување, неповратно изменување, уништување или деградирање на споменичната целина.
– Но, набргу потоа, иако биле поставени жолти ленти, како и кај старата градска куќа на улицата „Димитар Влахов“, градежните работи си продолжиле и објектот веќе доби нова фасада. Постојат одредени субјекти кои се над законот во овој град, па ниедна одлука институционална не се почитува. Се поставува прашањето – зошто воопшто постојат сите овие институции кога во реалноста не преземаат ништо за да се сузбие нечие самоволие? Како останатите да веруваат на државата и системот кога секојдневно се сведоци на различни девијации?, реагираат од СОС Охрид.
Најчитани
Stay Connected









