Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, поднесе кривична пријава против 49-годишно лице од струшкото село Мислодежда, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
– На 18-ти јули 2025 година, во Струга, пријавениот упатил закани на полициски службеник кој извршувал службени дејствија, а подоцна и телефонски му се заканувал, информираат од МВР.









