-1.2 C
Skopje
20 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeТехнологијаТим Кук јасно и гласно тврди: AI е револуција поголема од интернетот

Тим Кук јасно и гласно тврди: AI е револуција поголема од интернетот

- Advertisement -spot_img
Тим Кук призна дека Apple заостанува зад конкуренцијата во доменот на вештачката интелигенција, но исто така јасно стави до знаење дека компанијата нема да остане на страна.

Во централната сала на кампусот на Apple во Купертино, извршниот директор Тим Кук ги собра вработените на глобален состанок за да се обрати за она што аналитичарите и фановите на компанијата одамна го зборуваат – Apple заостанува зад конкуренцијата во трката за доминација во областа на вештачката интелигенција. Кук тоа и го призна, но и јасно порача: Apple нема да стои на страна.

„Apple мора да го направи ова и ќе го направи. Ова е можност што мора да ја зграбиме,“ рече Кук, нарекувајќи ја револуцијата на вештачката интелигенција „еднакво голема, ако не и поголема од интернетот“.

Оваа изјава доаѓа само ден по тоа што Apple објави неочекувано добри квартални резултати, кои ја зголемија вредноста на акциите на компанијата. За разлика од компании како Meta и Microsoft, кои својот раст го темелат на решенија за вештачка интелигенција, скокот на Apple сè уште е врзан за продажбата на iPhone уредите.

Од соработка со ChatGPT до сопствен AI тим

По почетната соработка со OpenAI за интеграција на ChatGPT во Siri, Apple годинава го смени курсот. Компанијата формира нов внатрешен тим под името Одговори, Знаење и Информации (Answers, Knowledge and Information), со цел развој на сопствен систем за вештачка интелигенција сличен на ChatGPT. Овој потег означува премин кон градење на AI решенија во компанијата, кои би ја поддржувале Siri, Spotlight и Safari, а во иднина би можеле да станат и посебна апликација за пребарување и одговарање на прашања.

На чело на тимот е Роби Вокер, поранешен раководител на развојниот тим за Siri, а огласите за нови работни места упатуваат на фокус кон алгоритми за пребарување и развој на AI пребарувачко јадро.

Siri 2.0: враќање со целосна реконструкција

Apple уште средината на 2024 година најави нова генерација на Siri заснована на вештачка интелигенција, како дел од иницијативата Apple Intelligence, претставена на конференцијата WWDC. Иако првично беше планирано унапредената Siri да се појави порано оваа година, претставувањето беше ненадејно одложено, со неофицијални најави дека ќе се случи напролет 2025 година.

Одложувањето предизвика бурни реакции – од незадоволство кај инвеститорите и корисниците, до покренување на две тужби и внатрешно преструктурирање на компанијата.

На состанокот, Крег Федериги, потпретседател за софтверско инженерство, изјави дека грешката била во обидот Siri да се изгради врз „хибридна архитектура“ која комбинира два различни софтверски системи. Тој пристап сега е напуштен, а Siri поминала низ „целосна реконструкција од почеток до крај“, што треба да резултира со многу помоќен и понадежен ВИ асистент отколку што било првично планирано.

AI чиповите – срцето на новата стратегија на Apple

Клучниот дел од АI стратегијата на Apple лежи во сопствените чипови. Според информации на The Wall Street Journal, Apple веќе подолго време развива специјални чипови за вештачка интелигенција под внатрешно име ACDC (Apple Chips in Data Center). Во соработка со Broadcom, компанијата наводно работи на чип со кодно име Baltra, чија масовна продукција се очекува во 2026 година.

Заостанувањето на Apple во AI трката за некои е причина за загриженост, но други тврдат дека тоа е всушност во склад со филозофијата на компанијата. Тим Кук тоа и самиот го потврди на состанокот:

„Ретко сме биле први. Имаше PC пред Mac, имаше паметни телефони пред iPhone, таблети пред iPad, MP3 плеери пред iPod.“

И навистина, Apple никогаш не морал да биде пионер за да доминира на пазарот. Она што ја издвојува компанијата е способноста да го препознае вистинскиот момент и да испорача врвен производ, а ако сè оди по планот, вештачката интелигенција би можела да биде следниот пример за таков пристап, пренесува Gizmodo.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img