Глобалните цени на храната во јули се искачија на највисоко ниво од февруари 2023 година, бидејќи наглото зголемување на цените на месото и растителните масла го надмина падот на цените на житарките, шеќерот и млечните производи, соопшти денес Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).
Вредноста на светскиот индекс на цени на храната (FFPI) за јули е 130,1 поен, што е зголемување од 1,6 проценти во споредба со претходниот месец, според ФАО.
Индексот на цените на месото се зголеми за 1,2 проценти на ново рекордно високо ниво од 127,3 поени, поттикнат од повисоките цени на говедското и овчо месо, заедно со малото зголемување на цените на живината.









