-0.2 C
Skopje
3 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeТехнологијаСпецијален сателит го сними цунамито на Камчатка: Моќта на природата во сосема...

Специјален сателит го сними цунамито на Камчатка: Моќта на природата во сосема нова димензија

- Advertisement -spot_img

Заеднички проект помеѓу НАСА и француската вселенска агенција веќе некое време помага во подобрувањето на моделите за предвидување на цунами, што е особено корисно за крајбрежните заедници.

Токму SWOT го сними цунамито предизвикано од земјотресот со јачина од 8,8 степени по Рихтер во близина на брегот на рускиот полуостров Камчатка на 30 јули во 11:25 часот по локално време.

Сателитот го сними цунамито околу 70 минути по земјотресот.

Податоците од SWOT анализата дадоа повеќедимензионален поглед на т.н. предна ивица на цунамито предизвикано од земјотресот во Камчатка.

Мерењата вклучуваа висини на бранови поголеми од 45 сантиметри, прикажани со црвена боја на означената патека, како и поглед на обликот и насоката на предниот раб на цунамито.

SWOT податоците, прикажани во означениот дел што се протега од југозапад кон североисток на сликата, беа претставени во споредба со модел за прогноза на цунами развиен од Центарот за истражување на цунами на Националната океанска и атмосферска администрација на САД (NOAA).

Оваа визуелизација го прикажува предниот раб на цунамито врз основа на податоците за висината на површината на морето од SWOT анализата гледајќи од југ кон север, кога предниот раб бил висок повеќе од 45 сантиметри, источно од Јапонија во Тихиот Океан.

Споредувањето на набљудувањата од SWOT анализата со моделот им помага на прогнозерите да го потврдат својот модел, осигурувајќи ја неговата точност.

„Бран од 45 сантиметри можеби не изгледа како многу, но цунамито се бранови што се протегаат од морското дно до површината на океанот. Она што може да биде само 1 метар на отворен океан може да стане бран од 9 метри во поплитка вода во близина на брегот“, рече Бен Хамлингтон, океанограф во НАСА.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img