-1.2 C
Skopje
20 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeХроникаКуќен притвор бара ОЈО за лицата кои во Чаир нападнаа полицајци

Куќен притвор бара ОЈО за лицата кои во Чаир нападнаа полицајци

- Advertisement -spot_img

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица, осомничени дека заедно извршиле кривично дело – Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Тројцата соизвршители, заедно со уште едно дете против кое ќе се води соодветна постапка согласно Законот за правда за децата, на 5 август во вечерните часови, на улицата “Босна и Херцеговина” нападнале тројца полициски службеници.

Полицајците постапувале по дојава дека на наведената локација има вооружени лица со автоматски пушки. Се обиделе да ги легитимираат осомничените, но тие одбиле и физички ги нападнале полицајците, удирајќи ги со боксови. Полициските службеници успеале да ги совладаат и ги привеле.

Јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности, предложи на осомничените да им бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img