8.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeРегионЗапочнува одбележувањето на 24-годишнината од крвавиот мacaкр кај Карпалак: Ристески ќе ја...

Започнува одбележувањето на 24-годишнината од крвавиот мacaкр кај Карпалак: Ристески ќе ја предводи владината делегација во Прилеп

- Advertisement -spot_img

Со положување цвеќе пред спомен обележјето во прилепската касарна “Мирче Ацев”, вечерва со почеток од 18часот, ќе започне одбележувањето на 24-годишнината од загинувањето на десетте прилепски бранители кај Карпалак во 2001 година.

На 8 август 2001 година, конвојот на АРМ беше нападнат кај месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово кога беа убиени 10 воени резервисти од прилепската касарна.

Десетмината прилепски бранители: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски ја платија највисоката цена и ги положија своите животи за својата татковина за зачувување на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет.

Во 19:00 часот денеска, свежо цвеќе ќе биде положено пред спомен плочата посветена на десетмината бранители, во дворот на манастирот Св. Петка во село Лениште, по што ќе се одржи и вечерна богослужба.

Утре пак, на 08.август, одбележувањето на трагичниот настан ќе продолжи од рано утрото, со положување цвеќе кај месноста Карпалак и положување цвеќе пред вечните почивалишта на бранителите во Новите градски гробишта.

Централното одбележување на настанот ќе се одржи пред спомен комплексот “Карпалак” во центарот на Прилеп со почеток од 13 часот, каде пред спомен плочата на бранителите ќе се поклонат претставници од Владата, општината, семејствата…

Владината делегација на настанот ќе ја предводи Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој е еден од преживеаните од крвавиот масакр кај Карпалак.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img