10.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаЗа онколошките пациенти влезот на новиот паркинг на Клинички ќе биде бесплатен

За онколошките пациенти влезот на новиот паркинг на Клинички ќе биде бесплатен

- Advertisement -spot_img

Mинистерот за здравство, Азир Алиу најавува дека ќе има четири различни влезови на новиот паркинг на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, односно за онколошки пациенти влезот ќе биде бесплатен, за пациенти со упат влезот ќе биде поевтин, а за вработени ќе има трета цена. За граѓани кои доаѓаат поради икс причини ќе биде трета цена која што ќе биде најскапа.

-Ценовникот на паркингот нема да биде ист за сите, почнувајќи од нула денари до цени за граѓани кои што не се пациенти, изјави денеска Алиу.

На новинарско прашање поврзано со изградбата на новиот паркинг простор на Клинички, министерот рече дека наредната недела на прес-конференција ќе соопшти повеќе детали, но, вели, она што може да го каже во овој момент е тоа дека договорот ќе биде потпишан со Јавното претпријатие Градски паркинг кое и досега раководеше со паркингот на Клинички.

Очекуваме во текот на денот да се потпише договорот помеѓу Министерство за здравство и ЈП Градски паркинг. Досега без потпишување на договор и конкретни чекори, не сакав во јавноста да излезам со информации … Исто така, ќе бидат отворени дополнителни влезови, еден од нив ќе биде отворен на Кардиологија за да може пациентите кои што имаат потреба од интервенција во таа Клиника да може директно таму да влезат. Излезите ќе бидат исти, бројот на паркинг места ќе биде дупло поголем од сега, поради оптимизацијата на просторот. Сега за сега, нема да има изградба на нов тврд или монтажен објект, бидејќи цениме дека со оваа оптимизација бројот на паркинг места ќе биде повеќе од доволно, рече Алиу.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img