8.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeРегионТројца пратеници од српското Собрание поднесоа кривични пријави против Ана Брнабиќ

Тројца пратеници од српското Собрание поднесоа кривични пријави против Ана Брнабиќ

- Advertisement -spot_img

Пратениците на српското Собрание – Шаип Камбери, Ахмедин Шкријељ и Минела Календер поднесоа кривична пријава против претседателката на собранието Ана Брнабиќ за „поттикнување национална, верска и расна омраза“, јавија белградските медиуми.

Пријавата следува по нејзината изјава во која, зборувајќи за протестите во Нови Пазар, таа, меѓу другото, рече: „Го слушнавме извикот „Алаху Акбар“ и други одвратни работи“, објавија Bujanovacke.co.rs, пренесе Бета.

Тој портал објави и копија од кривичната пријава со потписите на Камбери од Партијата за демократска акција, која ги собира Албанците од Бујановац, Прешево и Медвеѓа, и на Шкријељ и Календер, избрани пратеници од листата на СДА Санџак-Сулејман Угљанин.

Кривичната пријава е поднесена до Високото јавно обвинителство во Белград, според член 317 од Кривичниот законик на Србија, што се однесува на поттикнување омраза и нетолеранција врз основа на национална, верска и расна припадност.

Камбери истакна дека говорот на омраза не смее да остане само политичко прашање, туку, како што изјави, мора да се третира како прашање на законитост и правда.

Тој оцени дека реченицата на Брнабиќ „не претставува ниту лапсус ниту погрешно толкување, туку, како што изјави, „свесно таргетирање на муслиманската заедница и обид за ставање на религиозниот идентитет во негативен контекст“.

Според него, овој потег не е политичка одмазда, ниту сензационализам.

„Тоа е повик за правда и обид за воспоставување преседан – дека никој, дури ни претседателот на собранието, не може неказнето да шири говор на омраза“, рече Камбери.

Тој додаде дека правдата не е привилегија, туку штит за секој граѓанин, вклучително и оние кои, како што рече, „го изговараат „Алаху Акбар“ како израз на вера, а не насилство“.

„Ако сакаме држава на владеење на правото, мора да тргнеме од вистината и да се соочиме со јазикот што боли, дели и понижува“, рече Камбери.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img