5.8 C
Skopje
1 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeСветХоландија ќе му испорача оружје на Киев, во вредност од 500 милиони...

Холандија ќе му испорача оружје на Киев, во вредност од 500 милиони евра

- Advertisement -spot_img

Холандија вчера најави дека ќе стане првата земја членка на НАТО што ќе купи системи за воздушна одбрана од Соединетите Американски Држави за да ѝ ги испорача на Украина.

На Украина сега ѝ се потребни повеќе воздушна одбрана и муниција – изјави холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс во објава на „X“. „Како прв сојузник на НАТО, Холандија ќе испорача пакет американски системи за оружје во вредност од 500 милиони евра (578 милиони долари), вклучувајќи делови и ракети „патриот“. Ова ѝ помага на Украина да се одбрани себеси и остатокот од Европа од руска агресија“, рече тој.

Во јули, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе одобри продажба на американски ракетни одбрани „патриот“ на европските земји членки на НАТО, кои пак ќе ги испорачаат на Украина.

-Холандија е првата земја што го следи договорот за оружје меѓу НАТО и САД, кој вклучува купување американски системи за воздушна одбрана за Украина, напиша холандскиот премиер Дик Шуф на „X“. „Ова оружје е очајно потребно. Украина сè уште се бори секој ден да се одбрани од руската агресија, како што се нападите со дронови во големи размери. Притоа, Украина се бори и за слободата и безбедноста во Европа.“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој разговараше со Шуф по телефон вчера, рече дека е „искрено благодарен на Холандија за нивниот значителен придонес во зајакнувањето на воздушниот штит на Украина.“

-Пакетот е вреден 500 милиони евра и вклучува американско оружје, вклучувајќи ракети „патриот“.

Прв таков чекор меѓу земјите од НАТО и во време кога Русија се обидува да ги зголеми своите напади. Ова дефинитивно ќе помогне во заштитата на животите на нашите луѓе!, рече Зеленски. Во петокот, германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека Берлин ќе испорача лансери „патриот“ на Украина во наредните денови.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img