Открити тела во мексиканската држава Гванахуато.
Властите во централната мексиканска држава Гванахуато известија за пронаоѓањето на 32 тела на имот во општината Ирапуато, при што скоро половината од нив веќе се идентификувани.
Канцеларијата на државниот обвинител на Гванахуато објави на социјалната мрежа „Х“ дека телата се откриени во тајни гробници во населбата Ла Калера, која се наоѓа околу 320 километри северозападно од Мексико Сити.
Ова откритие доаѓа помалку од два месеци по трагичното масовно пукање за време на улична забава во Ирапуато, каде што загинаа 12 лица, соопштија медиумите.
Во Гванахуато, последниве години се ескалира конфликтот помеѓу картелот „Нова генерација Халиско“ и локалниот картел Санта Роса де Лима, што доведе до регистрирање на повеќе од 1.500 убиства помеѓу јануари и јули.
Групите на организиран криминал во Мексико често ги закопуваат своите жртви во тајни гробишта. Според податоците на мексиканската влада, бројот на исчезнати лица во државата надминува 132.000.









