8.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаЈаневска и Јовчевска Михајловска ќе информираат за резултатите од државната матура во...

Јаневска и Јовчевска Михајловска ќе информираат за резултатите од државната матура во јунскиот рок

- Advertisement -spot_img

Министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска Михајловска денеска ќе одржат прес-конференција во врска со полагањето и резултатите од државната матура во јунскиот испитен рок во учебната 2024-2025 година.

Првиот од двата екстерни испита од годинашната државна матура – мајчин јазик и литература кој е задолжителен за сите матуранти, се полагаше на 31 мај, а вториот кој е изборен за учениците, беше на 11 јуни.

Матурантите кои во јуни нема да ја положат државната матура или не во целост, ќе можат да полагаат во августовската сесија – на 12 август е испитот по мајчин јазик (македонски, албански, турски, српски) и литература, а на 14 август е полагањето на изборниот екстерен испит (математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, италијански јазик, филозофија, естетика).

Минатата 2023/2024 година, средна оценка од државната матура беше 3,25, во 2023 беше 3,65, во 2022 просечната оценка од испитите по сите предмети беше 3,78 и 3,61 во 2021.

Државната матура во нашиот образовен систем се спроведува од 2007 година, во јунска и во августовска испитна сесија. Единствен пат не беше организирана на крајот од учебната 2019/2020 година поради Ковид-пандемијата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img