Согласно Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2025 година и Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид, објавен е јавен повик за финансиска поддршка за најдобро решение за изработка на дигитални алатки – мобилна апликација за туристичка промоција на Охрид.
Може да аплицираат тимови од млади ентузијасти, програмери, дизајнери и маркетинг експерти со свои предлог – решенија за мобилна апликација наменета за туристичка промоција на Охрид, наменета за Android платформа, развиена во програмскиот јазик Kotlin, која ќе претставува модерна адаптација на веб странивата www.visitohrid.com.mk.
Финансиска поддшка ќе добијат три првоизбрани тимови за најдобро решение и тоа со 140.000, 110.000 и 70.000 денари.









