HomeМакедонија91 Средба на правниците од денес до сабота во Охрид

91 Средба на правниците од денес до сабота во Охрид

- Advertisement -spot_img

Од денеска до сабота во хотелскиот комплекс „Метропол“ во Охрид ќе се одржи 91 Средба на правниците, на која ќе биде опфатен широк спектар на актуелни теми од различни правни области.

Денес фокусот се прашањата од јавен интерес, меѓу кои темата за „Сејф сити“ како механизам за превенција на сообраќајната деликвенција или како инструмент за создавање дисциплинирано општество. Ќе се дискутира и за примената на Законот за управните спорови, со акцент на развојот, предизвиците и одлучувањето во спорови со полна јурисдикција. Дополнително, ќе биде отворена дебата за интерпретативните одлуки како новина во македонското уставно судство.

Утре ќе се дискутира за економските и социјалните аспекти на правото. Учесниците ќе разговараат за правните аспекти на заложното право и извршувањето, почнувајќи од обезбедување до наплата. Исто така, ќе се анализира соработката помеѓу судовите и центрите за социјална работа во постапките за доверување деца, како и антикорупциската рамка за јавните претпријатија, со акцент на транспарентноста и одговорноста.

Последниот ден ќе биде посветен на работното право, односно на престанокот на работниот однос и дисциплинските постапки, преку разгледување на законската рамка, судската пракса и практичните дилеми со кои се соочуваат правниците.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img