Околу 70% од граѓаните на Тетово ги плаќаат сметките за вода, додека другите имаат долгови во јавното комунално претпријатие „Шари“. Од претпријатието тврдат дека градот се снабдува редовно со вода и во последно време нема прекини. Апелираат сметките да се плаќаат.
„Во споредба со минатите години, имаме постабилна состојба, околу 70% плаќаат и апелирам кон тие 30% кои не плаќаат да ги подмирaт обврските кон претпријатието за водовод, бидејќи очигледно се подобри состојбата со водата во градот, нема претходни проблеми кои ги имавме. Сега имаме вода секој ден и секоја населба е снабдена со вода за пиење“, вели Валон Зеќири, директор на ЈКП „Шари“.
Но, ако мнозинството плаќа за вода, истото не важи за плаќањата за отпадот, кои сега се управувани од компанијата Саубермахер. Од ЈКП „Тетово“ ни рекоа дека само 35% тетовци редовно ги плаќаат сметките, но по преземањето правни мерки од приватната компанија, плаќањата во 2025 година стигнале до 55%.
„Месечниот реализација е под 35%, додека годишната за 2024 и 2025 година во вкупното фактурирање достигнала 55%, тука знаеме дека се преземени и правни мерки за граѓаните кои не плаќаат и за тоа имаме зголемување во текот на 2025 година. Состојбата со платите е нула-нула и работиме за во следната недела да го затвориме и 12-тиот месец“, изјави Самит Бислими, директор на ЈКП „Тетово“.
ЈКП „Шари“ управува само со водоводот во градот, бидејќи повеќето од тетовските села сами се снабдуваат со вода за пиење.








