домаМакедонија40 општини ќе добијат директна поддршка за локален економски развој

40 општини ќе добијат директна поддршка за локален економски развој

- Advertisement -spot_img

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска се обрати на работниот состанок посветен на поддршката за подготовка на плански документи за локален економски развој, организиран во рамки на Ресурсниот центар за поддршка на општините.

Во своето обраќање, министерот Перински истакна дека Министерството за локална самоуправа преку Ресурсниот центар продолжува да развива конкретни механизми за поддршка на општините, со цел јакнење на нивните капацитети и поефикасно извршување на надлежностите.

„Во изминатиот период преку Ресурсниот центар испорачавме повеќе важни алатки и документи наменети за градоначалниците и општинските администрации. Денеска започнуваме нова фаза на поддршка преку групна испорака на стручна помош за подготовка на плански документи за локален економски развој, согласно потребите што самите општини ги идентификуваа“, истакна Перински.

Тој нагласи дека целта на Министерството не е само декларативно да биде партнер на општините, туку преку конкретни активности да придонесе за олеснување на нивната работа и подобрување на локалните политики.

„Локалната самоуправа е самостојна во извршувањето на своите надлежности, но преку партнерска соработка и взаемна поддршка можеме да постигнеме многу повеќе. Затоа градиме систем во кој знаењето, експертизата и расположливите ресурси ќе бидат ставени во функција на развојот на општините“, порача Перински.

Во рамки на оваа активност, 40 општини ќе добијат стручна поддршка од експертски тим за подготовка на плански документи за локален економски развој, со цел креирање квалитетни и применливи решенија кои ќе придонесат за поттикнување на локалниот економски раст, привлекување инвестиции и подобрување на условите за живот на граѓаните.

Ресурсниот центар, во рамки на Министерството за локална самоуправа, претставува механизам за обезбедување стручна, техничка и советодавна поддршка за општините, согласно нивните потреби и предизвици.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img