Пожарите се регистрирани во повеќе делови од земјата, а најсериозна останува состојбата на терените каде што огнот зафатил шума.
Активни се пожарите кај Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград и над Вражале, каде што гори мешана шума. Огнот продолжува и во месноста Видуш кај Драгов Дол и Локвица во Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.
Во Кичево, активен е пожарот во атарот на село Тајмиште, месноста Дарда, каде што гори високостеблеста букова шума. Четвртиот активен пожар е во Горна Ѓоновица, општина Гостивар, каде што гори ниска вегетација.






