Според информациите од СВР Тетово, жената го пријавила случајот ноќеска околу 01:10 часот, наведувајќи дека нападот се случил претходниот ден околу 18:30 часот.
Утрово, осомничениот Б.И. од Тетово сам се појавил во полициска станица, каде што се пријавил.
Од полицијата информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Напомена: Лицето е осомничено во рамки на тековна постапка, а за неговата евентуална вина ќе одлучува надлежен суд.






