Скопје, 16 септември – “Моменталната безбедносна и геополитичка ситуација треба итно и без одлагање да внесе нов, подинамичен момент во евроинтеграцискиот процес на сите земји од Западен Балкан.
Во овој контекст, важно е да се нагласи проширувањето на ЕУ е најсилната гаранција за безбедноста на Европа. За #SSE6, интеграцијата мора да носи јасна перспектива за членство – без тоа, инфраструктурата, коридорите и проектите губат смисла. Проширувањето не е избор, туку стратешка нужност”., истакнал Димитровски.









