По повод одбележувањето на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, Министерството за односи меѓу заедниците, под покровителство на министерот Агон Ферати, организира дводневна програма со која ќе биде одбележана една од најзначајните пресвртници во поновата историја на Северна Македонија.
Програмата ќе се одржи на 12 и 13 август 2026 година и ќе опфати панел-дискусија и централна свеченост, на кои ќе учествуваат претставници на институциите, политичкиот и општествениот живот, како и гости од земјата и регионот.
Првиот ден, 12 август (среда), ќе се одржи панел-дискусија во Клубот на пратениците во Скопје, со почеток во 09:30 часот.
Централниот настан ќе се одржи на 13 август (четврток), со почеток во 19:30 часот, на Камениот мост во Скопје.
Од Министерството посочуваат дека одбележувањето на 25-годишнината претставува можност да се потсетиме на значењето на Охридскиот рамковен договор, неговата улога во унапредувањето на меѓуетничките односи и неговото значење за градењето на инклузивно и демократско општество.
Настаните се отворени за медиумско следење.






