Во Велес започнува 22. издание на најголемата стрип-манифестација кај нас – Меѓународниот салон за стрип.
На свеченото отворање ќе бидат доделени награди и признанија од меѓународниот конкурс, на кој се пријавија рекордни 396 автори од светот, меѓу нив и 164 од Македонија. Ќе биде отворена изложба со најдобрите дела и ќе се одбележат 15 години од серијалот „Вековници“, чиј промотер е Марко Стојановиќ од Србија.
Активностите продолжуваат со 7. стрип-колонија во Нежилово (21–24 август), каде автори од Македонија, Србија и Бугарија ќе создаваат заеднички дела. Настанот е поддржан од Министерството за култура и туризам, Општина Велес, ЕВРОПСКАТА КУЌА и стрип-заедницата.








