домаМакедонија13 возачи уапсени изминатото деноноќие - од нив 11 возеле без дозвола,...

13 возачи уапсени изминатото деноноќие – од нив 11 возеле без дозвола, од кои тројца малолетници

- Advertisement -spot_img

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои тројца малолетници, информираат од МВР.

Од таму посочија дека, од уапсените, четири лица биле во Скопје, три лица во Гостивар (двајца малолетници), по едно лице во Тетово, Прилеп, Дебар и Кочани (малолетник) кој се движел во еднонасочна улица во спротивен правец.

Под дејство на алкохол возело едно лице во Скопје. Додека пак, едно лице во Гостивар возело со активна мерка за управување на моторно возило.

Исто така, од МВР посочија дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, порачаа од таму.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img