домаХроникаЌе се испитува безбедноста на игралиштето во Гостивар каде што 14-годишно девојче...

Ќе се испитува безбедноста на игралиштето во Гостивар каде што 14-годишно девојче почина по пад од лулашка

- Advertisement -spot_img

Основното јавно обвинителство Гостивар побара обдукција на 14 – годишното девојче кое почина откога падна од лулашка на игралиште во Гостивар. Ќе се испитуваат сведоци и ќе се проверува безбедноста на реквизитите на игралиштето.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на лице место. Дадена е наредба за обдукција, како и насоки да се преземат повеќе дејствија за испитување на евентуални сведоци и проверки по однос на статусот, безбедноста и одржувањето на реквизитите поставени на игралиштето“, соопшти Обвинителството денес.

Синоќа Медицинскиот центар Гостивар пријавил во тетовската полиција дека кај нив, без знаци на живот, била донесена Ш.Н. (14) од Кавадарци, која престојувала во Гостивар. Паднала од лулашка во паркот во Гостивар, а дежурниот лекар констатирал смрт.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img