домаМакедонијаЌе нема струја со часови – Исклучувања во повеќе делови на Скопје

Ќе нема струја со часови – Исклучувања во повеќе делови на Скопје

- Advertisement -spot_img

Денеска повеќе населени места и делови од скопските општини ќе останат без електрична енергија поради планирани технички интервенции.

Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), добиени од „ЕВН Македонија“, од 6 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците во село Мралино, бензинската пумпа „Дади компани“ во Мралино, како и делови од населбата Дрма во Општина Илинден.

Од 9 до 14 часот прекин на електричната енергија ќе има во дел од корисниците во село Нова Брезница во Општина Сопиште, како и на улица „Христо Татарчев“ бр. 49Г и околината кај поранешната фабрика „Црвена ѕвезда“ во Општина Кисела Вода.

Во периодот од 8:30 до 14:30 часот, без електрична енергија ќе бидат и делови од село Инџиково во Општина Гази Баба.

Прекините се најавени поради планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img