домаМакедонијаЈотова му кажала на Фицо дека „имаат проблеми со Македонија и процесот...

Јотова му кажала на Фицо дека „имаат проблеми со Македонија и процесот на членство во ЕУ“

- Advertisement -spot_img

Закочениот македонски евроинтегративен пат повторно се најде во бугарската јавност откако бугарската в.д. претседател Илијана Јотова ја спомна нашата држава при средбата со словачкиот премиер Роберт Фицо.

Како што пренесуваат бугарските медиуми, Јотова и Роберт Фицо разговарале и за проширувањето на Европската Унија. Тие биле категорични дека процесот на пристапување треба да биде според правилата и врз основа на достигнувањата на земјите-кандидатки.

„Знаете дека имаме одредени проблеми со Република Северна Македонија и нејзиното членство во ЕУ. Бараме ваша поддршка за Македонија да ја следи европската политика за пристапување. Четири години не видовме напредок во спроведувањето на обврските преземени од Северна Македонија во 2022 година“, изјавила Јотова на средбата, пишува „БТА“.

Македонија доби статус на кандидат уште во 2005 година, но пристапниот процес беше повеќепати блокиран – прво поради спорот со Грција, а потоа поради бугарското вето. По усвојувањето на т.н. француски предлог во 2022 година започна скрининг-процесот, но отворањето на првиот кластер зависи од уставните измени.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img