7.8 C
Skopje
20 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаЈКП „Водовод“ Битола започна со активности на водоводната мрежа на „Даме Груев“

ЈКП „Водовод“ Битола започна со активности на водоводната мрежа на „Даме Груев“

- Advertisement -spot_img

Од вчера, 19 февруари 2026 година, ЈКП Водовод – Битола започнува со реконструкција на водоводната мрежа на ул. „Даме Груев“, крак 1 и крак 2, во населбата Мал Париз во Битола.

Во рамки на предвидените активности ќе се изврши целосна замена на старата и дотраена водоводна инфраструктура со нова, современа мрежа изработена од полиетиленски цевки, кои обезбедуваат поголема издржливост, сигурност и подолг век на траење. Паралелно со реконструкцијата ќе бидат изведени и нови приклучоци за домаќинствата, со што дополнително ќе се подобри квалитетот на услугата за жителите од овој дел на градот.

Поради изведување на градежните работи, во текот на наредниот период ќе има повремени прекини во водоснабдувањето. 

Од претпријатието апелираат до граѓаните за трпение и разбирање, со цел навремена и квалитетна реализација на проектот.

Со оваа инвестиција, ЈКП Водовод – Битола продолжува со активностите насочени кон модернизација на водоводната мрежа и обезбедување поквалитетно, побезбедно и континуирано водоснабдување за сите граѓани.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img