HomeМакедонијаЈКП Комуналец Прилеп: Амфитеатарот во Варош повторно уништен од несовесни граѓани

ЈКП Комуналец Прилеп: Амфитеатарот во Варош повторно уништен од несовесни граѓани

- Advertisement -spot_img

За неполни седум месеци од обновувањето, амфитеатарот во населбата Варош во Прилеп е скоро целосно уништен, информираат од ЈКП „Комуналец“ Прилеп.

Со помош на опрема биле извадени дрвените штафни, а оние кои не можеле да се земат се искршени. Уништено е и детското игралиште до амфитеатарот, при што се земени носечки железни цефки од клацкалките и друга урбана опрема.

„Наместо планираните финансиски средства да се трошат за нови добра за граѓаните, со години се одлеваат пари за поправки“, се наведува во соопштението од „Комуналец“.

Апелите до граѓаните за внимателно користење на комуналните добра не даваат резултат, а културата и совеста кај дел од жителите, како што истакнуваат од претпријатието, е на најниско ниво за зачувување на јавните добра кои се од интерес за сите.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img