Треба да се направи анализа за да се види дали има можност за зголемување на износот на субвенционираниот студентски оброк, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска по најавата на студентските организации дека до МОН ќе достават иницијатива за зголемување на сумата на субвенционираниот студентски оброк, која во моментов изнесува 140 денари.
-Со внимание ќе ги разгледаме иницијативите на студентите како и досега, и ќе одговориме во рамките на нашите можности. Ќе треба да се направи анализата и потоа ќе им одговориме и на студентите и јавно – рече Јаневска.
На прашањето дали МОН може да помогне со субвенција за меѓуградскиот превоз за студентите што патуваат секој ден поради зголемени цени на билетите, Јаневска одговори дека и таа иницијатива, кога ќе стигне во МОН, ќе биде разгледана и ќе биде одговорено во рамките на буџетските можности.






