По десет последователни концерти во Сава Центарот, со кои ја одбележа пролетната сезона и собра обожаватели од целиот регион, Јаков најави нов спектакл закажан за 24 октомври.
Станува збор за концерт во поставката на Арена 360°, со централна сцена и сите трибини отворени.

Пејачот ја сподели веста за големиот концерт со публиката во текот на последната вечер во Сава Центарот, а емотивната најава предизвика ентузијазам кај обожавателите.
Бидејќи голем број луѓе не можеа да добијат билети, веќе се шпекулира на социјалните мрежи дека наскоро би можел да биде закажан втор датум во Арената.
Извор: Б92








