5.8 C
Skopje
1 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаЃорѓиевски на средба со здружението „Мобилност“ - ставен акцент на поддршката на...

Ѓорѓиевски на средба со здружението „Мобилност“ – ставен акцент на поддршката на лицата со инвалидитет

- Advertisement -spot_img

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес оствари средба со Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Скопје. На средбата присуствуваа и кандидатот за градоначалник на Аеродром, Дејан Митески, пратеничката Катерина Димитровска и носителката на листата за советници во Аеродром, Елена Тренчевска.

„Грижата за лицата со попреченост за мене е човечка и морална должност, а потоа и обврска како градоначалник. Едно општество вреди онолку колку што се грижи за оние на кои поддршката им е најпотребна,“ изјави Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека во неговата програма се предвидени конкретни мерки за подобрување на условите за лицата со попреченост, како и иницијатива заедно со сите градоначалници да се постават пристапни рампи и решенија кои ќе овозможат еднаков пристап за секој граѓанин.

„Скопје мора да биде град на еднакви можности, град во кој никој нема да биде изоставен. Силата на еден град се гледа во неговата хуманост,“ порача Ѓорѓиевски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img