2.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаЃорѓиевски на конференција за одржлива мобилност: Градови по мерка на човекот за...

Ѓорѓиевски на конференција за одржлива мобилност: Градови по мерка на човекот за почиста и поздрава иднина

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес присуствуваше на конференцијата посветена на одржливото урбано мобилно планирање, на покана на министерот за транспорт Александар Николоски. Настанот беше организиран во соработка со Светска банка и Министерството за транспорт, како дел од проектот за поврзување на локални патишта.

„Одржливата мобилност е патот по кој мора да одиме ако сакаме нашите деца да живеат во поздрава и поубава средина,“ истакна Ѓорѓиевски. Тој нагласи дека ваквите настани се од огромно значење бидејќи овозможуваат размена на искуства и добри практики од европските градови и регионот.

Проектот поддржан од Светска банка ќе овозможи развивање на планови за одржлива урбана мобилност, што подразбира подобра транспортна мрежа, поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот и повеќе простор за пешаци, велосипедисти и зелени зони.

„Убеден сум дека со заеднички ангажман на општините, Владата и меѓународните партнери ќе изградиме градови по мерка на човекот – почисти, поуредени и пофункционални,“ додаде Ѓорѓиевски, изразувајќи надеж дека конференцијата ќе прерасне во традиција и ќе биде поттик за нови успешни проекти во иднина.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img