2.8 C
Skopje
2 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаЃорѓиевски најави изградба на Културен дом „Есма Реџепова“ во Шуто Оризари

Ѓорѓиевски најави изградба на Културен дом „Есма Реџепова“ во Шуто Оризари

- Advertisement -spot_img

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес ја посети општината Шуто Оризари, каде што ги претстави клучните проекти што се дел од неговата визија за рамномерно и современо развиен главен град.

Ѓорѓиевски најави изградба на нов Културен дом „Есма Реџепова“, кој ќе биде изграден на местото на старото матично. Новиот објект, како што посочи, ќе стане центар на културниот живот во Шуто Оризари и симбол на локалниот идентитет. „Домот ќе биде простор за театар, концерти, изложби и младински активности, но и почит кон големата Есма Реџепова – амбасадор на ромската култура која со својот глас ја претставуваше Македонија во светот,“ изјави Ѓорѓиевски.

Меѓу капиталните проекти е и изградбата на нов фудбалски стадион, кој ќе содржи современ терен, трибини, соблекувални и осветлување. Според Ѓорѓиевски, стадионот ќе биде место каде младите ќе се натпреваруваат и ќе го развиваат спортскиот дух, но и простор за локални и регионални настани.

Планирана е и целосна обнова на Спортскиот центар „Шуто Оризари“, со реконструкција на терените, нови зелени површини и урбана опрема. „Целта е центарот повторно да стане средиште на спортот, рекреацијата и активниот живот,“ додаде Ѓорѓиевски.

Во својот настап, кандидатот ги претстави и новите социјални мерки што се дел од проектот „Скопје – град кој се грижи за сите“. Програмата предвидува финансиска и психосоцијална поддршка за социјално загрозените граѓани, прифатни центри со 24-часовна грижа и програми за ресоцијализација на бездомници.

„Нашата визија е Скопје да расте рамномерно и да создава можности за сите. Градот е силен само ако сите негови општини се силни и поврзани,“ порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека проектите во Шуто Оризари се дел од поширокиот план за подобар и пофункционален главен град.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img