HomeМакедонијаЃорѓиевски информира: 4.500 тони ѓубре собрани во Скопје за 72 часа

Ѓорѓиевски информира: 4.500 тони ѓубре собрани во Скопје за 72 часа

- Advertisement -spot_img

Над 4 и пол илјади тони ѓубре е собрано во последните 72 часа, информираше вечерва новиот градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. Тој на прес конференција вечерва во 20 часот од плоштадот Македонија рече дека исчистени се сите микро локации, плоштадот „Македонија“, градскиот парк, „Жена парк“ и реката Вардар.

Ѓорѓиевски потенцираше дека во последните 72 часа изречени се и 40 казни и 70 опомени за физички и правни лица, бидејќи не се држеле до законските прописи. Тој најави дека во следниот период дека ќе има и нови контејнери за таму каде што недостасуваат.

„Граѓаните кои ќе бидат совесни ќе бидат наградувани, а за другите ќе биде спроведувана казнена политика“, додаде Ѓорѓиевски.

Чистењето во првите 72 часа од неговиот мандат беше меѓу првите акции кои тој ги најави уште за време на предизборната кампања.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img