1.8 C
Skopje
2 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаЃорѓиевски: Град Скопје ќе добие подземна сообраќајница со шест ленти и модерна...

Ѓорѓиевски: Град Скопје ќе добие подземна сообраќајница со шест ленти и модерна инфраструктура

- Advertisement -spot_img

Скопје наскоро ќе добие прва подземна сообраќајница, проект кој, како што истакна кандидатот за градоначалник Орце Ѓорѓиевски, ќе ја промени сообраќајната иднина на главниот град и ќе овозможи значително растоварување на централното градско подрачје.

На денешната презентација кај „Лимак“, Ѓорѓиевски го најави почетокот на реализацијата на првата фаза од булевар „Македонија“, што претставува еден од најважните инфраструктурни проекти во поновата историја на Скопје.

„Овој проект не е само дел од мојата програма, туку вистински пресврт за центарот на Скопје. Со подземната сообраќајница под ‘Лимак’ конечно ќе ставиме крај на хроничниот метеж и ќе создадеме современи решенија според европски стандарди,“ истакна Ѓорѓиевски.

Подземната сообраќајница ќе се простира со вкупно шест ленти – четири за двосмерен автомобилски сообраќај и две посебни ленти за автобуси, со дополнителни пешачки тротоари. Со ова решение се предвидува движењето низ центарот да биде побрзо, побезбедно и без застои.

Проектот опфаќа и изградба на три кружни тека – кај „Нова Македонија“, кај булевар „Кочо Рацин“ и кај улицата „Железничка“, кои ќе обезбедат поефикасен и побезбеден проток на сообраќајот.

„Ова е проект што ќе донесе ред во хаосот на центарот. Со реализацијата на подземната сообраќајница и со проширувањето на улицата ‘Даме Груев’ во булевар, ќе создадеме современ и функционален урбан простор,“ додаде Ѓорѓиевски.

Тој најави и решенија за подобрување на паркирањето во центарот на градот, со изградба на нова катна гаража од европски тип во Буњаковец, на местото на постојните бараки и монтажен паркинг, како и преку поставување монтажни паркинзи во населбите Капиштец и Под Кале.

„Со овие проекти ќе го направиме центарот на Скопје пристапен, уреден и удобен за сите граѓани. Време е градот да го добие сообраќајното решение што одамна го заслужува,“ порача Ѓорѓиевски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img