0.8 C
Skopje
2 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаЃорѓиевски ја нагласи улогата на МАНУ како темел на националниот развој

Ѓорѓиевски ја нагласи улогата на МАНУ како темел на националниот развој

- Advertisement -spot_img

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес присуствуваше на одбележувањето на Денот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на покана на претседателот академик Живко Попов.

Ѓорѓиевски изрази чест и задоволство што бил дел од настанот заедно со истакнати претставници на научната заедница од земјата и регионот, со кои разговарал за теми поврзани со иднината на Скопје.

„Македонската академија на науките и уметностите со децении претставува симбол на интелектуалниот и духовниот развој на нацијата. Со својот научен и уметнички интегритет, МАНУ останува чувар на македонскиот јазик, култура, идентитет и соживотот меѓу различните заедници во Македонија“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој упати искрени честитки до овогодинешните добитници на меѓународното признание „Блаже Конески“, Емилио Марин и Ивица Баковиќ, и им посака понатамошен успех во нивната работа.

„Честит празник за сите членови и соработници на МАНУ“, додаде Ѓорѓиевски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img