Home » Маж од Косово ограбил турски државјанин во Скопје

Маж од Косово ограбил турски државјанин во Скопје

by Журнал.мк

Евидентирана кражба во трговски центар во текот на вчерашниот ден, стои во полицискиот билтен на МВР.

Според информациите, на 12.03.2023 во 18.05 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Ф.Р.(49) од Република Косово.

Тој се сомничи дека околу 17.30 часот во трговски центар на подрачје на Центар извршил кражба, при што од џебот на Б.Б.(25) од Република Турција, со престој во Скопје, одзел личен предмет.

Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More