HomeСветЈапонската премиерка Такаичи освои историска победа на изборите

Јапонската премиерка Такаичи освои историска победа на изборите

- Advertisement -spot_img

Ризичниот потег на премиерката на Јапонија, Санае Такаичи, да распише предвремени избори и донесе убедлива победа, бидејќи нејзината владејачка Либерално-демократска партија освои повеќе од 310 од 465 пратенички места во долниот дом, јави „Си-Ен-Ен“.

Ова е првпат по Втората светска војна една партија да има двотретинско мнозинство во парламентот. Тие сега можат да предлагаат уставни измени и да ги надгласуваат блокадите во горниот дом.

Такаичи, првата жена на чело на јапонската влада, ја доби поддршката на гласачите само четири месеци откако стана премиерка.

Во јавноста е популарна по нејзината работна етика, активноста на социјалните мрежи, како и заедничките настапи со светски лидери, меѓу кои и импровизирано свирење на тапани со јужнокорејскиот претседател.

Победата и овозможува силен мандат за справување со економските предизвици, слабата валута и влошените односи со Кина.

Тесно соработува и со американскиот претседател Доналд Трамп, кој и даде „целосна поддршка“.

И покрај позитивниот имиџ, Такаичи беше критикувана поради нејзини изјави за Тајван и интензивниот работен ритам.

Нејзиниот коментар дека Јапонија би можела да реагира воено ако Кина нападне Тајван доведе до дипломатски тензии со Пекинг.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img