Пријателите и соработниците се простуваат од Владимир Блажев – Панчо кој почина седум месеци по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Кочани продолжува да боли, Никогаш нема да бидете заборавени, Ќе биде на некое поубаво и поправедно место… се само дел од пораките со кои се збогува македонската јавност.
Од славниот музичар со сотивни пораки се простија и колешките Андријана Јаневска, Каролина, Тамара Тодевска…
– Патувај, душо убава, сподели Јаневска објавувајќи фотографии од заедничките дружби.
https://www.facebook.com/share/p/16sdzUJPpg
– Пане мој, другар и брат, срце планина, неизмерно ќе ми фалиш и секогаш ќе те сакам… напиша на својот фејсбук профил Каролина.
– Не беше овој свет за тебе, не е ова место за луѓе со премногу љубов, добрина и талент. Ти од сѐ ова имаше во неизмерни количини и сакам да верувам дека одиш на подобро место. Многу дружби, спомени, концерти, снимања… Многу смеење, музика и емоции… Горда сум што имав брат како тебе, другар за цел живот, колега кој знаеше да ме критикува, пофали, советува… Патувај мирно Џуџе. Секогаш ќе те сакам, сподели Тамара Тодевска.






