Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по 72-часовната акција за чистење на градот, истакна дека е целосно „посветен на воведувањето ред“ и најави дека ќе се изрекуваат санкции за да се справи со девијантните појави.

Како што наведува, за време на акцијата биле засечени над 40 прекршоци, а механизацијата на јавното претпријатие за комунална хигиена е целосно ставена во функција. Ѓорѓиевски најави и проширување на бројот на машини до 60, како и нови инвестиции во транспортниот систем на градот.
Тој додаде дека проблемите низ градот не се само локални — институциите, заедно со Градот, ќе мора да постапуваат координирано за фокусирање на жариштата на отпад и нерегулирани простори. Се најави активности за чистење на коритото на Вардар, а во план е и трансформација на ЈП „Комунална хигиена“.









