HomeМакедонијаЃорѓиевски: И да имам политичка штета јас сум решен да одам до...

Ѓорѓиевски: И да имам политичка штета јас сум решен да одам до крај со уривањето дивоградби – ред мора да има

- Advertisement -spot_img

Ќе добие ли Скопје пофункционален јавен превоз и подобра инфраструктура или најавите ќе останат само на хартија? Како се трошат средствата од градската каса и дали најавените уривања на времени и бесправно поставени објекти ќе донесат вистински ред во урбаниот хаос?

На овие прашања вечерва во „Топ Тема“ одговара градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Тој порача дека бесправните објекти не се проблем од вчера, туку резултат на, како што рече, „неажурноста на институциите 30 години наназад“.

„Тоа не се проблеми од пред еден месец. Уште пред осамостојувањето, а и подоцна, им се дозволувало на одредени лица да узурпираат државно земјиште. Имаме објекти на паркови, паркинзи, па дури и на пешачки и велосипедски патеки, без никакво одобрение“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој направи споредба со купување возило без документација.

„Не можам јас да купам возило без документи. А таму се купувало без документи, се препродавало без документи и во најголем дел од случаите тие објекти се издавале. Тоа е незаконски и јас сум решен да одам до крај“, нагласи градоначалникот.

Ѓорѓиевски информираше дека со дел од општините веќе се склучени меморандуми за соработка за заедничко постапување, а увид бил направен во Центар, Чаир и Карпош. Како пример го посочи објектот во близина на „Холидеј Ин“, за кој било поднесено барање за легализација што било одбиено од Општина Центар.

„Не можете на булевар да легализирате објект, тоа не е согласно закон. Чекаме да помине законскиот рок и тој објект ќе биде отстранет“, рече тој.

Посочи дека веќе е урнат објект меѓу Драчево и Пинтија, и покрај поднесените жалби. Тој реагираше и на случаи каде објекти функционирале без договор со градот.

„Не може ресторан за свадби да има во двор на средно училиште. Не може некој да издава објект на трето лице по многу повисока цена, а најмалку две години да нема договор со градот. Таму веќе постапуваме“, изјави градоначалникот.

Во однос на институционалните надлежности, Ѓорѓиевски смета дека е потребна законска интервенција бидејќи, како што рече, во моментов постои „какофонија“.

„Моето барање е или Град Скопје да добие градежна инспекција или таа да се централизира, за да знаеме дека постапува една институција. Сега има простор за манипулации и злоупотреби“, нагласи тој.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img