домаМакедонијаЗвучни имиња во телефонот на судијата Ѓоко Ристов: Боки 13, Ана Камчева,...

Звучни имиња во телефонот на судијата Ѓоко Ристов: Боки 13, Ана Камчева, Јахоски, Азманов, Стафа, Вице Заев, Ременски…

- Advertisement -spot_img

Звучни имиња од јавниот живот пронајдени во телефонскиот именик на обвинетиот апелациски судија Ѓоко Ристов, кој беше во фокусот на денешното судење.

Обвинителката Искра Хаџи-Василева прочита повеќе познати имиња од политичкиот и бизнис-секторот кои биле запишани меѓу неговите контакти, меѓу нив беа споменати: Бојан Јовановски, познат како Боки 13, Ана Камчева, сопруга на бизнисменот Орце Камчев, пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски, кој во именикот на Ристов бил запишан како „бабе Исмаил“, како и неговиот син Асмир Јахоски, сопственик на „Пуцко Петрол“, а исто така, споменат бил и бизнисменот Зоран Азманов.

На списокот со контакти, според обвинителството, се наоѓале и Фехми Стафа, кој во јавноста се поврзува со случајот со осомничениот Љупчо Пецов, познат како Ѓаволот, како и Исмет Гури, поранешен директор на УЈП и функционер на ДУИ, кој беше опфатен во предметот „Титаник 3“.

Меѓу контактите била и поранешната пратеничка Фросина Ременски, а во телефонот бил зачуван и број што, според обвинителството, му припаѓал на Вице Заев, брат на поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Иако обвинителството на судењето не презентирало конкретна комуникација меѓу Ристов и наведените лица, обвинителката оценила дека самото постоење на овие контакти може да биде разгледувано од аспект на етичките и законските стандарди.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img