Пред околу еден час во нормална фаза, односно нормално функционирање се врати и кичевската општа Болница, која беше зафатена од надојдена поплава поради обилните врнежи од дожд. „ТППЕ Кичево“ заедно со координација на екипи од „ЈКП Комуналец“ неколку часа беа активни на терен во исцрпување на надојдената вода која ги зафати магацинските простории, просториите на Иститутот за Трансфузиологија.
– Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на колегите од Општа и заедничка служба при ЈЗУ „Општа Болница“ – Кичево, како и за ангажманот на ТППЕ и Комуналец кои неуморно неколку часа работеа за санација на обилната водена површина која ја зафати нашата Болница. Од 11 до 18ч просториите беа без електрична енергија поради безбедносни причини, за од пред еден час нашата Болница да функционира и да се врати во нормала, уште еднаш преку вашиот медиум упатувам искрена Благодарност до службите, вработените, општествено одговорните фирми и сите граѓани, така што се надевам дека овој проблем час поскоро ќе стане минато, за Порта.мк истакна директорката на ЈЗУ „Општа Болница“, г-ѓа Маја Цветановска-Трајкоска.
Предмалку исто така градоначалникот Д-р Александар Јовановски истакна информации за актуелната состојба во град Кичево, но и апел до граѓаните укажувајќи на посветеноста и важноста на оваа природна непогода, која ќе се залага и да не се повтори.
– Општина Кичево останува целосно ангажирана и ќе продолжи со интензивни активности сè додека состојбата не се стабилизира, во овој момент апелирам до сите граѓани да не се движат низ поплавени подрачја и да избегнуваат ризични делници, да не ја попречуваат механизацијата и екипите при работа, да пријават доколку забележат нови критични точки или опасност за домаќинствата.
https://www.facebook.com/share/p/1MWxU81n6R/








